1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барак Обама со нов план за Авганистан и Пакистан

Американскиот претедател Барак Обама, според медиумски извештаи, сака решителни чекори против радикално исламистичките Талибанци и терористите на Ал Каеда во Авганистан и Пакистан.

default

Весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на владини извори, пишува дека покрај најавените седумнаесет илјади, во Авганистан ќе бидат испратени дополнителни четири илјади американски војници. Ова ќе го соопштел Обама на денешното претставување на неговата стратегија за Авганистан и Пакистан.

Како што истакна портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, Обама разговарал со членовите на Конгресот, за да ги информира за крајната верзија на неговата стратегија. Вчера тој телефонски разговарал и со претседателите на Авганистан, Хамид Карзаи и на Пакистан, Асиф Али Зардари, при што ги запознал со новата стратегија на Вашингтон за борбата против екстремистите.

Меѓу другото, стратегијата предвидува испраќање на дополнителен број американски воени инструктори во Авганистан.

Извор: Дојче веле, МИА

Подготви: Трајче Тосев