1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барак Обама на азиска турнеја

Претседателот на САД Барак Обама денеска пристигна во Бангкок, каде ја започнува својата турнеја во рамките на која ќе посети три азиски земји.

Малата азиска турнеја е прво патување на Барак Обама во странство откако беше реизбран на функцијата претседател на САД. За време на посетата на Тајланд а потоа и на Мјанмар и Камбоџа , Обама има намера да ги зацврсти стратешките насоки на новата американска надворешна политика , кои подразбираат поголем ангажман во Азија.

Денеска во Тајланд се очекува Обама да разговара со тајландскиот премиер Инглук Шинаватра.

Американскиот претседател утре заминува за Јангон со цел да изрази поддршка на политичките реформи на Мјанмар.

Турнејата на Обама ќе заврши со учество на самитот во Пномпен, Камбоџа на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија , АСЕАН.