1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Барадеи оптимист

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи неочекувано оптимистички се изјасни за можноста за постигнување согласност во атомскиот спор со Иран. Политичко решение е можно уште во наредната недела, изјави Барадеи пред почетокот на седницата на Советот на гувернерите на оваа агенција во Виена.

Неочекуван оптмизам кај Барадеи

Неочекуван оптмизам кај Барадеи

Советот оваа недела ќе го зрагледува извештајот на Барадеи токму за иранската атомска програма, кој потоа ќе му биде доставен на Советот за безбедност на Обединетите нации:

Надежта умира последна: американските дипломати сметаат дека Советот за безбедност многу бргу ќе се занимава со иранската атомска програма. Напротив, генералниот директор на ИАЕА Мохамед ел Барадеи се залага за компромис во последната секунда. Пред почетокот на седницата на Советот на гувернерите изјави:

„Многу се надевам дека во наредните недели ќе биде постигната согласност. Ги повикувам сите страни да направат се што можат за повторно да започнат преговори„.

За Техеран отпатуваа претставници на кинеската влада за да се обидат да постигнат компромис. Од денеска во Вашингтон е рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров каде што со колешката Кондолиза Рајс ќе разговара и за спорот со иранското раководство. Инаку, Барадеи својот извештај за Иран пред еден месец го испрати во Њујорк, но сепак верува дека Советот за безбедност нема да мора по секоја цена да се занимава со тоа досие. Меѓутоа, Техеран делови од неговата атомска програма 18 години ги држел во тајност. До јавноста стигнаа преку опозицијата. Од тие причини расте недовербата и кај Американците и кај Европската унија.

Денеска или најдоцна утре, Барадеи на Советот на гувернерите ќе му го достави последниот извештај. Во него може да се прочита и тоа дека иранските инженери веќе пуштиле во погон 20 центрифуги за збогатување на ураниумот. Но, експертите велат дека мораат да работат илјада и 500 центрифуги цела година за да се добие збогатен ураниум потребен за бомба. Барадеи повторно предупреди пред ескалација на конфликтот:

„Конфронтацијата би била контрапродуктивна. Таа не би водела кон долгорочно решение. Колку побргу се вратиме на преговарачката маса, толку подобро за сите„.