Барадеи во Техеран | Свет | DW | 13.04.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барадеи во Техеран

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед ел Барадеи, не ја губи надежта дека проблемот со атомската програма на Иран ќе биде решен преку преговори.

Мохамед ел Барадеи, шеф на ИАЕА

Мохамед ел Барадеи, шеф на ИАЕА

По пристигнуавњето во Техеран, вчеравечер, Мохамед ел Барадеи го повика иранското раководство да го запре облагородувањето ураниум за да ја врати довербата на меѓународната заедница. Барадеи денеска треба да разговара со иранското раководство.

“Ќе дискутираме за тоа како Иран да се постави во иста насока со меѓународната заедница, како земјата да преземе мерки на градење доеврба за определен временски период, риотоа суспендирајќи го облагородувањето ураниум и враќајќи се на воспоставување односи со меѓународната заедница се додека довербата не биде изградена и додека не бидат решени постоечките проблеми.“

Советот за безбедност на ОН му даде на Иран рок до крајот на април за земјата да ги запре своите активности околу облагородување ураниум, но остави отворено – што би се случило доколку Техеран не ги исполни барањата. Вчеравечер, кинескиот амбасадор во ОН, Ванг Гуангија изјави дека петте постојани членки на Советот за безбедност и Германија, ќе се состаната на 18 април во Москва за да разговараат за иранската атомска програма. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, од страните во конфликтот побара натамошни разговори и опомена дека проблемот не смее да ескалира:

“Тие тврдат дека нивните намери се да ја користата нуклеарната енергија во мирновременски цели. Ако е тоа навистина така, тогаш треба да бидат во состојба да ја убедат меѓународната заедница и да соработуваат со сите за да се најде решение“, рече Анан во Њујрок.