1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан ја опоменува Сирија, Советот за безбедност молчи

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази длабока загриженост поради ситуацијата во Сирија и побара насилството веднаш да запре. Советот за безбедност, пак, и натаму молчи.

default

Во нападот во Ал Мидан вчера загинаа 26 лица

Најмоќното тело на Обединетите нации со месеци не може да постигне согласност околу резолуција протов владата на Башар ал-Асад. Русија блокира секаква јавна критика на нејзиниот сојузник во Дамаск, а воздржана е и Кина. Притоа, насилното задушување на протестите во Сирија, според проценки на ОН, досега однесло шест илјади животи.

Советот за безбедност има намера да се состане во вторник (10.01) за да расправа за ситуацијата во Сирија. Од дипломатски кругови во Њујорк се вели дека досега нема приближување на ставовите во Советот.

Последниот напад вчера тешко го потресе Дамаск. Покрај 26 загинати, има и околу 50 повредени лица. Сириската влада за нападот ги обвинува исламистите, додека опозицијата верува дека е тоа одмазднички акт на режимот на Асад, затоа што бомбата експлодирала во едно од нејзините упоришта. Вчера, еден атентатор самоубиец се крена во воздух во квартот Ал Мидан во Дамаск.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: С. Недевски