1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бан: Со добра волја до напредок во спорот за името

Со добра волја и конструктивен пристап можен е прогрес во разговорите за спорот за името, оценил генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Виена.

Иванов и Бан, како што јави државната Македонска информативна агенција, вчера во Виена размениле информации и мислења за процесот што се води во ОН за надминување на разликите околу името, по последните средби на медијаторот Метју Нимиц во изминатиот период.

Иванов ја поздравил зголемената динамика во процесот и истакнал дека Македонија активно и конструктивно, како и досега, така и сега учествува во процесот со добра волја да се дојде до заемно прифатливо решение.

„До такво решение е можно да се дојде доколку и другата страна има ист пристап и доколку стриктно се придржува до рамката во која се водат разговорите“, нагласил претседателот Иванов, повторувајќи го барањето од последната средба генералниот секретар да го вложи својот авторитет и согласно обврските од резолуциите на Советот за безбедност, да не дозволи процесот да излегува надвор од воспоставената рамка од двете страни. Бан истакнал дека процесот трае предолго и изразил надеж дека со добра волја на двете страни, со конструктивен пристап, е можно да се направи прогрес.