1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки Мун ја спореди Сирија со Руанда

Зборувајќи по повод 20-годишнината од геноцидот во Руанда, генералниот секретар на ОН го оцени како огромен неуспех на меѓународната заедница да спречи крвопролевање, како актуелно во Сирија.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун денеска направи паралела помеѓу граѓанската војна во Сирија и Руанда и наведе дека овие два случаи се огромен неуспех на меѓународната заедница во спречување на крвопролевањата.

„Геноцидот во Руанда е епски неуспех на меѓународната заедница да преземе акции соочена со ѕверски злосторства. Знаеме дека геноцидот не е случај туку процес кој се развива постојано“, рече Бан.

Се проценува дека 800 илјади луѓе се убиени за време на геноцидот во Руанда во 1994. година.

Бан, по повод одбележувањето на 20 годишнината од масовните убиства во оваа африканска држава, рече дека ОН не ја научиле лекција во обидите да ги спречат ваквите човечки трагедии, не исклучувајќи дека ваквите настани може да се повторат. Иако со храброст и „политичка волја“ може да се спречи геноцид, Бан подвлекува дека во Сирија тој процес и понатаму продолжува.

„Нашиот колективен пропуст да ги спречиме злосторствата во Сирија во изминатите три години е срамно обвинување адресирано до меѓународната заедница“, рекол Бан.

Моментално се проценува дека во Сирија до сега загинале повеќе од 140 илјади жители и нема никакви знаци ваквото крвопролевање да запре. Бан посвети посебно внимание на растот на омразата кон имигрантите, муслиманите и ромската заедница во Европа.