1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки Мун: Сирија не ги исполнува ветувањата

Генералниот секратар на ОН Бан Ки Мун ја критикува Сирија дека не се придржува до ветувањата за реализирање на мировниот план на Кофи Анан. Поддршка за овој план денеска треба да биде испратена од Париз.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја обвини Сирија, дека не ги исполнува целосно ветувањата дадени за мировниот план. Повлекувањето на војниците и тешкото оружје од градовите до сега не е целосно спроведено, стои во писмото на Бан до Советот за безбедност на ОН. Бан притоа заклучува и дека бројот на насилни инциденти значително е зголемен. Пртседателот Асад и опозицијата дадоа ветувања дека ќе се придржуваат до мировниот план на ОН. Генералниот секретар му препорача на Советот за безбедност да одобри испраќање на 300 набљудувачи во Сирија. 

Министрите за надворешни работи од четиринаесет земји денеска во Париз ќе се сретнат  на меѓународна средба за Сирија, организирана од францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе. „Ги повикав во Париз моите колеги од групата ’Пријатели на сирискиот народ’, да разговараме за ситуацијата и да упатиме цврста порака до Дамаск, како и порака со поддршка за Кофи Анан“, истакнува Жипе.

Меѓу поканетите се министрите за надворешни работи на Германија, Јордан, Катар, Мароко, Саудиска Арабија и САД. „Оваа средба не е замена за работата на Советот за безбедност на ОН и затоа не упативме покани кон земјите членки во тој состав“, изјави портпаролот на француското министерство Бернард Валеро како одговор на прашањето дали е поканета Русија. Валеро истакна дека овој процес ја дополнува и поддржува работата на Советот за безбедност на ОН.