1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бан Ки Мун охрабрува да се дојде до решение за името!

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Берлин не одговори на прашањето - дали Метју Нимиц ќе стави на маса нов предлог и не е ли миг во преговорите да се вклучи и ЕУ?

default

Првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун

Охрабрувачки, но не и конкретен, беше генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун одговарајки на прашањето за спорот со името меѓу Македонија и Грција, кој по речиси една година, наредната недела е повторно на дневен ред во Њујорк. По синоќешната средба со германскиот сојузен претседател Кристијан Вулф во Берлин, првиот човек на Обединетите нации го прашавме: дали неговиот застапник наредната недела на маса ќе донесе нов предлог за името и не е ли момент по сите разговори во преговарачкиот процес официјално да се вклучи и Европската унија?

„За ова прашање се дискутира преку мојот личен застапник г. Нимиц, кој ги води разговорите со засегнатите страни. Овој спор со името е долготраен и несреќно влијае врз билатералните односи и секако врз целиот регион. Затоа сакам да подвлечам дека ова прашање треба да се разреши колку што е можно поскоро. Од моја страна ќе направам се’ што можам. Најпрво уште еднаш ќе разговарам и ќе го охрабрам мојот личен застапник, но и засегнатите страни, грчката и владата на ФИРОМ искрено да се вклучат во дијалогот“, одговори генералниот секретар Бан Ки Мун.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска