1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бан Ки Мун: одлагање на решението за Косово ќе има многу негативно влијание

*

„Одложување на решението за статусот на Косово ќе има негативно влијание во покраината и пошироко“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Бан Ки Му. Тој по средбата во Брисел со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу рече дека се надева оти СБ наскоро ќе се договори околу новата предлог резолуција во која се предвидуваат 120 дена за дополнителни консултации за надминување на разликите меѓу Западот и Русија.
Со генералниот секретар на ОН се сретна и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана кој од своја страна ја нагласи подготвеноста на Брисел да ја преземе надлежноста за Косово. Солана попладнево треба да разговара со српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.