1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бан Ки Мун и‘ нуди директни разговори на Северна Кореја

Идниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун и‘ понуди на Северна Кореја директни преговори.

Идниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун

Идниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун

Бан, кој до крајот на годината останува на функцијата министер за надворешни работи на Јужна Кореја, порача во Њујорк дека е подготвен веќе во јануари, по преземањето на должноста, да се сретне со северно-корејскиот властодржец Ким Јонг Ил. Во меѓувреме САД изразија големо задоволство од резолуцијата на Советот за безбедност, што уследи како одговор на нуклеарната проба на Северна Кореја.

Американскиот претседател Џорџ Буш е задоволен што Советот за безбедност на ОН толку брзо и решително реагирал на провокацијата на северно корејскиот режим. Според Буш сега одговорноста лежи врз плеќите на официјален Пјонг Јанг:

“Кога северно-корејскиот водач ќе ја запре атомската програма и тоа на начин што може да се провери, тогаш САД и другите нации ќе покажат добра волја да и‘ помогнат на земјата во изградбата на нејзината економија. Денешната порака до лидерот на Северна Кореја меѓутоа гласи: светот е обединет во спротиставувањето на северно-корејската програма за атомско оружје!“

Меѓународниот фронт во меѓувреме покажува веќе први знаци на слабост. Така Кина, иако ја потпиша резолуцијата на ОН, најави дека нема да учествува во инспекциите на северно-корејски стоки. Со оглед на фактот дека границата меѓу двете комунистички земји е долга цели 1.400 км, тоа е сериозен удар за реализацијата на договорените санкции.

Јужна Кореја, пак, најави дека не е подготвена да ги укине двата големи проекти во северниот сосед. Едниот е поврзан со поддршка на една туристичка зона во која заминуваат голем број Јужнокорејци и за која режимот во Пјонг Јанг веќе добил барем милијарда долари. Експертите тврдат дека дел од тие девизи е вложен и во атомската програма на Северна Кореја. А вториот проект се однесува на слободна индустриска зона, каде јужно-корејски фирми користат ефтина работна сила од Северна Кореја за само 60 долари месечно.

Поради ова утре во регионот ќе допатува шефицата на американскиот Стејт департмент, Кондолиза Рајс. Таа прво ќе се сретне во јапонскиот колега Таро Асо во Токио, за потоа двајцата да отпатуваат во Сеул, на разговори со јужно-корејскиот шеф на дипломатијата Бан Ки Мун.