1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки Мун избран за генерален секретар на ОН

Бан Ки Мун функцијата генерален секретар на светската организација ќе ја преземе на 1 јануари 2007 година, кога му завршува вториот мандат на Кофи Анан, кој повеќе нема право да се кандидира.

Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Бан Ки Мун синоќа со акламација беше избран за осми по ред генерален секретар на светската организација

Кофи Анан го поздрави изборот на неговиот 62 годишен наследник, пред кого како што рече претстојат повеќе задачи:

„Вие ќе ја преземете најневозможната работа на светот, а јас би додал дека е тоа сепак најдобрата можна работа на светот„ рече Анан и додаде:

„ Мислам дека сите овде го препознаваат вашето големо искуство, и вашата способност за ефикасна соработка

Бан Ки Мун најави дека по неговиот избор првата дестинација ќе му биде Пјонг Јанг, но ова беше пред да се заборува за можноста за вовбедување на санкции. Американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон го повика да продолжи со реформите во светската организација. Критичарите му забележуваат за слабиот впечаток што го остава. Меѓутоа неговиот говор пред 192 земји членки на светската организација не беше без самосвест и гордост. Тој одговори на критиките дека скромноста е азиска вредност врз која се темелат успесите на континентот:

„ Нашата организација е скромна во своите средства, но не во нејзините вредности. Треба да бидеме поскромни во нашите зборови но не во нашите ефекти. Вистинскиот успех за ОН не е колку ветуваме, туку колку остваруваме„