1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки Мун доаѓа на Балканот

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун спроти посетата на Балканот изјави дека целта на неговата турнеја е да укаже на важноста на регионот, не само во Европа, туку и во светот.

„Ова подрачје мина низ големи искушенија и трауми. Но, низ целиот регион се видливи знаци на напредок. Гледам динамизам и посветеност да се надминат проблемите и да се тргне напред. Треба да ја поддржиме консолидацијата на тоа што е постигнато и да ги негуваме силите на хармонија и интеграција. Затоа моето патување ќе биде насочено кон иднината“, изјави Бан пред дописниците на земјите од регионот.

Бан притоа најавил дека доаѓа во посета на „шест држави и на Косово“. Тој навел дека негова должност е да ја посети мисијата на ОН на Косово.

„Мандатот и улогата на УНМИК ќе останат во насока на Резолуцијата 1244 и тоа е сосема јасно. Но, исто така, јасно е дека Европската унија и нејзината мисија ЕУЛЕКС преземаа поголема улога, додека таа на УНМИК е намалена. Сепак, ние и понатаму имаме многу важна мисија и мандат и ќе продолжиме со примена на Резолуцијата 1244 и останатите хуманитарни прашања, а пред се мирот и безбедноста во регионот“, изјави Бан.