1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки Мун: Да не се седи со скрстени раце во случајот со Сирија

Генералниот секретар на ОН ја повика меѓународната заедница да се заложи за прекин на насилството во Сирија. Во земјата, во меѓувреме, продолжуваат судирите на владините сили со припадниците на протестното движење.

default

Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја повика меѓународната заедница да преземе мерки против режимот во Дамаск, со оглед на продолжувањето на насилството на сириските сили за безбедност врз припадниците на протестното движење. Од почетокот на протестното движење во март, до сега биле убиени повеќе од 5000 лица, сметаат ОН. Убивањето не смее да продолжи, изјави Бан во Њујорк. Досегашните обиди на Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција досега беа неуспешни поради противењето на вето-силите Кина и Русија.

Syrien Unruhen Flash-Galerie

Од почетокот на судирите во Сирија, од земјата побегнаа околу 12.500 Сиријци

Борците за човекови права информирата дека во Сирија се воделе тешки борби меѓу владините трупи и дезертерите. Денеска на југот на земјата загинале 27 војници, соопшти групата активисти со седиште во Лондон.

Француските медиуми пак, јавуваат дека во областа Хама, и натаму се водат борби меѓу воените дезертери и владините војници кои користат тешко вооружување.

Од почетокот на судирите во Сирија, од земјата побегнаа околу 12.500 Сиријци.

Автор: АТ/ ЕМФ/ дв/ миа 

Редактор: Жана Ацеска