Бан Ки Мун го поддржа Буш во Ирак | Свет | DW | 18.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки Мун го поддржа Буш во Ирак

Ирак се повеќе тоне во хаос и анархија. Во тоа досега ништо не промени ниту засилувањето на американските трупи. Сепак, претседателот Џорџ Буш има намера да ја задржи сегашната стратегија барем до септември.

default

Буш и Мун се согласни за настапот во Ирак

Поддршка за својот став Буш во Ирак, Буш доби и од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун кој тоа го соопшти на средбата со американскиот претседател во Вашингтон. Бан Ки Мун, кој досега ретко се изјаснуваше за темата Ирак, вчера предупреди на избрзано повлекување на американските трупи од оваа земја. Ваквите предупредувања, претседателот Буш радо ги слуша, особено сега кога демократите во сенатот се обидуваат порано да ги повлечат војниците од Ирак. Буш на својот гостин му соопшти дека ќе остане упорен:

„Упорност не само за да се заштити американскиот народ, туку и за заштита на таа млада демократија„.

Според Буш, терористичките напади од 11 септември се во тесна врска со Ирак. На оние што мислат дека дури со американската војна против Ирак, борците на Ал Каеда таму фатија корен, Буш им се спортивстави со зборовите дека Ал Каеда и денес е силна, но не толку колку пред 11 септември:

„Причина за тоа е што ние работиме заедно со светот за да го одржиме притисокот врз Ал Каеда за никогаш повеќе да не може да не повреди. За да ја победиме таму каде што ќе ја најдеме: сега ја наоѓаме во Ирак„.

За Бан Ки Мун Ирак е проблем на целиот свет:

„Кога станува збор за Обединетите нации, ние сме подготвени да им помогнеме на ирачката влада и народот во нивните тешкотии, во тесна соработка со мултинационалните трупи и САД„.

Освен за Ирак, соговорниците разменија мислења и за предлогот на американскиот претседател Буш за меѓународна конференција за Блискиот исток, како и за Дарфур. Генералниот секретар го покани Буш на конференцијата за климата што ќе се одржи во Њујорк на 24 септември:

„Вашето учество ќе биде поздравено„.

Дали Буш ќе учествува на таа конференција се уште не се знае. Но, се знае дека таа ќе започне еден ден пред почетокот на редовното заседание на Генералното собрание. Тема: што по истекот на протоколот од Кјото во 2012 година?