1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки Мун бара крај на крвопролевањето во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да запре со убивање на својот народ. Сирија објави генерална амнестија.

default

Наводна амнестија за уапсените демонстранти

„Повторно ви кажувам претседателе на Сирија: Запрете го насилството. Престанете да го убивате својот народ. Патот на репресија нема излез“, истакна Бан во обраќањето на конференцијата посветена на демократските промени во арапскиот свет што се одржува во Бејрут.

Асад веќе девет месеци се обидува да го задуши бунтот против неговиот режим. Тој за бунтот ги обвинува терористите и вооружените банди.

Според податоци на ОН во акциите на сириските безбедносни сили против демонстрантите убиени се повеќе од 5.000 луѓе.

UNO General Sekretär Ban Ki-moon

Бан Ки Мун апелира за прекин на насилствата

Асад објави амнестија

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска објави амнестија за сите кои направиле прекршок откако пред десет месеци почна бунтот против неговиот режим. Со амнестијата ќе бидат опфатени „прекршоците направени во контекст на случувањата кои се случија од 15-ти март минатата година до 15-ти јануари“, се наведува во указот на претседателот ал Асад.

Други детали не се наведени.

Автор: ЖА/ миа/ дв

Редактор: Александра Трајковска