1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан Ки-Мун бара итни преговори во Египет

Генералниот секретар на ОН апелира за итен почеток на политички разговори со кои ќе се излезе од ќорсокакот во африканската земја

Привремените власти во Египет треба што е можно поскоро да почнат сеопфатен политички процес за излез од тешката криза, со учество на сите заинтересирани сили, изјави  генералниот секретар на ОН, Бан Ки- Мун. Прес-службата на Светската организација соопшти дека Бан вчера имал телефонски разговори со привремениот потпретседател на Еипет, Мохамед ел Барадеј, со генералниот секретар на Арапската лига, Набил Елараби, како и со министрите за надворешни работи на Турција и Катар.

При овие разговори генералниот секретар на ОН ја нагласил неопходноста од започнување на реален сестран политички процес. Бан во разговорот со Ел Барадеј изразил длабока загриженост од правецот по кој се движи Египет. Тој остро ја осудил смртта на луѓето како последица на нараснатото насилство во земјата. Бан предупредил дека секоја нова жртва го

прави националното помирување се потешко. Од овие причини, генералниот секретар на ОН ги повикал привремените власти во Египет да преземат целосна одговорност за мирно оддржување на демострациите и гарантирање на безбедноста на сите Египќани, независно на која партија и припаѓаат. Бан повторно повикал на ослободување на сменетиот египетски претседател Мохамед Морси, како и на лидерите на Муслиманско братство, односно да се донесе одлука за целосно транспарентно преразгледување на нивните активности.