1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан како спасител на морињата

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун лансираше нова иницијатива за заштита на океаните од загадување и прекумерен риболов. Неговата амбициозна цел е да се запре загревањето и растот на нивото на морињата.

Иницијативата „Договор за океаните“ треба да го подобри „здравјето“ на океаните, изјави Бан на конференција во Јужна Кореја по повод 30-годишнината од потпишувањето на Конвенцијата на ОН за морињата.

„Океаните се наоѓаат во критична состојба“, истакна Бан, тие се‘ повеќе се загреваат и се шират.

„Се закануваат неповратливи промени во процесите кои ни се речиси непознати, како морските струи, кои влијаат врз климата“, изјави Бан. Покачувањето на морското ниво се заканува да ја промени географската карта на Земјата на сметка на милиони најсиромашни луѓе. Зголемувањето на степенот на киселост на океаните освен тоа ја уништува базата за живот во морињата.

Ban Ki-moon

Бан Ки Мун стартува нова иницијатива

Безизгледна битка?

ОН со години прават напори за заштита на водите од загадување. Новата иницијатива треба да придонесе за поефикасна работа насочена пред се‘ кон решавање на проблемот на растечкиот водостој како последица на промената на климата и затоплувањето на океаините. Прва цел е акционен план, изработен од група политичари, научници, претставници на стопанството, цивилното општество и организации на ОН.

Иницијативата „Договор за окенаите“ освен тоа ги повикува сите држави да се обврзат на цели до 2025-та година и да го намалат доводот на отпадни води во океаните. Десет проценти од од сите крајбрежни области за таа цел до 2020-та година ќе бидат прогласени за заштитени области.

Јужна Кореја на позитивен курс на заштита

Бан денеска учествува и на завршната свеченост на Светската изложба Експо 2012 во Јужна Кореја, посветена исто така на животот во морињата. Под мотото „Животот во океанот и на крајбрежјето“ во фокусот на тримесечната изложба, на која учествуваат 104 земји, беше одржливото користење на океаините и заштитата на морињата и брегот.