1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан загрижен поради „провокациите“ на Пјонгјанг

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун (насловна фотографија) изрази загриженост поради истрелувањето на три ракети со краток дострел, од страна на Северна Кореја.

Првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун денеска во Москва порача дека е време Северна Кореја да преземе напори за намалување на напрегнатоста на Корејскиот полуостров, и оти Обединетите нации се подготвени да му помогнат на Пјонгјанг во тоа.

Генералниот секретар, исто така, изрази надеж дека во иднина Северна Кореја ќе се воздржува од вакви активности.

Бан, во интервју за руски медиум, вчерашното истрелување на трите ракети со мал досег го нарече „провокативни дејствија“ и го повика Пјонгјанг да се врати на преговарачката маса за нуклеарното прашање со светските сили, пренесоа агенциите.

Севернокорејските властодржци и врховни команданти на војската како Ким Јонг Ун редовно даваат наредби за истрелување ракети со краток дострел како тест или во рамките на воени маневри. Последното истрелување се случи по заедничките воени вежби на морнарицата на САД и Јужна Кореја, што Пјонгјанг ги осуди како провокација.

Ситуацијата на Корејскиот Полуостров е се‘ уште тензична. Изолираната комунистичка Северна Кореја им се закани претходно на САД и на Јужна Кореја со атомски напади. Во последно време затегнатоста малку попушти. САД тврдат дека Северна Кореја ги симнала од стартните мобилни ракетни рампи веќе подготвените за испалување ракети со среден дострел.