1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан го пофали напредокот на земјите од Западниот Балкан

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази денеска задоволство од напредокот, кој го постигнале земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека ОН се подготвени и натаму да ги поддржуваат овие држави.

„Регионот бележи голем напредок изминатите 20 години. Сега гледаме кон заедничка иднина, која треба да биде во знак на соработката“, рече Бан на прес-конференцијата на аеродромот во Сараево, по завршувањето на шестдневната турнеја низ Западен Балкан. 

Тој истакна дека се‘ уште има големи политички, економски и општествени предизвици пред државите од регионот, но додаде дека вниманието на сите е свртено кон подобра иднина, кон развој и продлабочување на евроатлантските врски.

Бан повтори дека земјите од регионот имаат заеднички јазично, културно и историско богатство, кое треба да биде основа за дијалог. 

На новинарско прашање дали го гледа и Косово во ОН, Бан истакна дека статусот на Косово е регулиран со резолуција на Советот за безбедност и додаде дека ги замолил лидерите во Белград и Приштина да се согласуваат и да ги помират ставовите.

„Знам дека Србија сака да се приклучи кон Европската унија. Од властите на Косово слушнав дека и тие го сакаат истото. Токму затоа треба да го минат процесот на помирување, доближување на позициите и намалување на тензиите“, нагласи генералниот секретар на ОН.