1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан бара нова стратегија за набљудувачите во Сирија

Помалку воени набљудувачи, повеќе политички задачи - две недели пред истекот на мандатот во Сирија, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун бара менување на задачите на набљудувачите.

Во меѓубилансот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун се препорачува редукција на бројот на набљудувачи во Сирија и концентрирање на политичките напори за решение на конфликтот. Невооружената мисија УНСМИС треба да биде продолжена, но треба да се концентрира пред се‘ на Дамаск. Од базата од главниот град на Сирија соработниците на ОН би можеле да пружаат поддршка на дијалогот во одделни провинции во земјата.

Бан бара од Советот за безбедност да дејствува - кога веќе му се дава поддршка на мировниот план на Кофи Анан, тогаш Советот треба да биде подготвен тој план и да го спроведува. Доколку страните во конфликтот не се придржуваат до договорениот мировен план, тогаш „ги повикувам членовите на Советот да ја преземат заедничката одговорност и да спроведат заеднички неопходни чекори“. Западните дипломати во ваквата реченица на Бан гледаат барање за резолуција со санкции. Кина и Русија досега блокираа носење резолуција.

UN Beobachter Syrien Homs

Набљудувачите се и сами цел на напади во Сирија

Со реструктуирање на стратегијата ОН ќе дадат до знаење дека мисијата без платформа и без доверба во политичкиот процес тешко дека може воопшто да придонесе за завршување на насилството, пишува Бан во извештајот испратен вчера (06.07) до Советот за безбедност. Советот треба наредната среда (11.07) да донесе одлука за мандатот на сините шлемови, кој завршува на 20 јули.

Во моментов во Сирија се распоредени околу 300 набљудувачи на ОН. Нивна задача е да го надгледуваат прекинот на огнот договорен во април. Сепак, набљудувачите не можеа да го запрат насилството. Според организациите за човекови права, од почетокот на бунтот против режимот на Асад во март 2011 година, во Срија загинале повеќе од 16.500 луѓе.