1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан апелира за смирување на тензиите меѓу Иран и САД

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун упати апел до Соединетите Американски Држави и Иран да сторат се’ за да се намалат тензиите меѓу двете земји.

default

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Напрегнатоста во односите меѓу Иран и земјите од западот се зголеми откако американскиот носач на авиони „Џон Станис“, минатата недела помина низ Ормускиот морски теснец додека иранската воена морнарица изведуваше десетдневни вежби во регионот. Првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун синоќа (06.01.2012) на новинарите во Њујорк им изјави дека двете страни треба да сторат се’ што е во нивна можност да ја намалат напрегнатоста и сите проблеми и несогласувања да ги решаваат со дијалог по мирен пат.

„Сепак, Иран треба во целост да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на ОН“, нагласи Бан Ки Мун.

Советот за безбедност досега има усвоено серија санкции против Иран поради неговата спорна атомска програма. Властите во Техеран, инаку, се заканија дека ќе го блокираат Ормускиот теснец доколку земјите од Западот воведат натамошни санкции против земјата.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска