1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан апелираше до Асад итно да го примени планoт за мир

Генералниот секретар на ОН порача дека сирискиот претседател мора да ги исполни датените ветувања бидејќи нема време за губење. Бан Ки Мун изрази загриженост од крвопролевањето во Сирија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, го повика сирискиот претседател Башар ал-Асад „веднаш“ да го имплементира планот на ОН во шест точки за запирање на насилството во Сирија. Бан изрази загриженост поради континуираното крвопролевање во Сирија, и ја поздрави одлуката на на режимот на Дамаск да го прифати планот на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската , Кофи Анан. „Ова е важен почетен чекор со кој би можело да се стави крај на крвопролевањето и насилство“, изјави Бан на прес конференција во Кувајт. Планот на Анан меѓу другото предвидува секојдневен прекин на огнот од хуманитарен причини.

Кина во меѓувреме соопшти нема да учествува на престојната средба на групата „Пријатели на Сирија“ во Истанбул „во сегашните околности“.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи. Хонг Ли ја поздрави одлуката на Сирија да го прифати планот на пратеникот на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан и ја изрази надежта на Пекинг дека Сирија ќе ги исполни дадените ветувања.
Тој го оцени прифаќањето на планот на Анан како „важен развој за постигнување решение во регионот“.
- Кина ќе предолжи да има активна и конструктивна улога околу сириското прашање, кое треба да се реши преку дијалог, истакна Ли.