1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бан: Ал Каеда е виновна за крвавиот самоубиствен напад во Дамаск

Првиот човек на светската организација изрази отворено сомневање дека терористичката организација Ал Каеда делува во Сирија и оцени дека ниту една точка од планот на Анан не е исполнета.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека Ал Каеда е виновна за самоубиствениот бомбашки напад во сирискиот главен град Дамаск на 10. мај во кој загинаа повеќе од 50 луѓе, а стотици беа повредени.

„Пред неколку дена се случи голем, сериозен и масовен терористички напад. Сметам дека Ал Каеда е одговорна за него, што повторно создава многу сериозни проблеми“, изјави Бан.

Претходно и сириски претставници ја обвинија Ал Каеда дека стои зад нападите.

Бан оцени дека во судирите во Сирија во изминатите 14 месеци од почетокот на протестите загинале повеќе од 10 илјади луѓе. Тој смета дека ниту една точка од мировниот план кој го подготви посредникот Кофи Анан досега не е исполнета, освен прифаќањето на мал број меѓународните набљудувачи од страна на режимот.