1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банкрот на фото-пионерот „Кодак“

По 131 година постоење, „Кодак“ прогласи банкрот. Фирмата која некогаш беше симбол за техничкиот напредок, долго се бореше за преживување.

Американскиот производител на фотокамери, Кодак прогласи банкрот. Фирмата, која од 2007-ма година не забележа профит, денеска поднесе барање за покренување стечајна постапка.

Компанијата, која постои 131 година, се смета за пионер во популаризацијата на фотографијата. Развојот на дигитализацијата доведе до постојани проблеми, поради што беа отпуштени повеќе од 47.000 вработени и затворени 13 производствени хали од 2003-та година досега. жбж

До 2010-та година „Кодак“ спроведе повеќе мерки за преструктуирање на производството и продажбата, беше направен и обид со специјализација на планот на професионалната техника-концентрирање на техниката на фото-финиш и печатење. Арапарите на „Кодак“ беа едноставни за ракување, што беше потпирање на славното мото: „Вие само притиснувате на копчето, ние го правиме останатото..“. Но, немаше помош. Компанијата во третиот квартал на 2011-та година забележа загуба од 222 милиони долари, готовинските резерви паднаа за 10 проценти, членовите на Управниот одбор почнаа да поднесуваат оставки. Банкротот беше неминовен.

Автор: ЖА/СН/дпа/афп

Редактор: Симе Недевски