1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банкротот на САД ќе го почувствуваме сите

Времето истекува, а договор нема. Доколку САД на 2. август навистина банкротираат, во многу сектори ќе мора да дојде до кратења. Незадоволните граѓани веќе почнаа да се собираат пред Капитол Хил.

default

Ралф Рандал е еден од четирите илјади вработени во државната Служба за надзор на воздушниот сообраќај, кој моментално е на принуден одмор. За тоа треба да му „заблагодари“ на Конгресот, кој го замрзна буџетот на Службата. Тој на Капитол Хил говори за класна борба. Одредени „радикални политичари“ водат војна со обичните работници, семејства и државни службеници, вели Рандал. „Тие попрво би дозволиле земјата да банкротира, при што уште повеќе луѓе ќе останат без работа и ќе го оптоварат социјалниот систем, отколку сите заедно да се жртвуваат“, додава тој.

Стравот од отпуштања го делат и други државни службеници. На пример Џејн М. Најгард, која 35 години била медицинска сестра во државна болница и е потпретседателка на Синдикатот на државни службеници од Минеаполис. Таа стравува дека во иднина ќе има се` помалку квалифицирани државни службеници, што ќе се одрази врз квалитетот на услугите. „Доколку парите за државните институции продолжуваат да се замрзнуваат и административците постојано живеат во страв, никој нема да сака да работи во државниот апарат“, нагласува Најгард.

Treffen Obama mit Republikanern zu Schuldengesprächen Juli 2011 FLASH-GALERIE

Преговорите меѓу републиканците и демократите се` уште без резултати

Може ли Обама сам да ја спречи катастрофата?

Меѓутоа, стравот не е присутен само кај оние, кои платата ја земаат од државниот буџет. Пензионерите, невработените, студентите, корисниците на социјална помош... Сите кои на некој начин добиваат нешто од државата, можат да бидат погодени од евентуалниот банкрот на САД. Министерството за финансии се` уште не соопштува конкретни планови.

Тајс Херман студира на универзитетот Стетсон во Флорида. Студиите ги финансира со тоа што пишува за блог, посветен на заштитата на климата. Затоа не мора да зема кредит од државата, но тоа наскоро би можело да се промени, бидејќи планира да продолжи со студиите на друг, поугледен универзитет. „Стравувам дека каматите ќе бидат многу високи и дека тешко ќе се добива кредит“, вели Херман.

Тој, како и останатите граѓани собрани на Капитол Хил го бараат истото што и Демократите во Конгресот - поголеми даноци за богатите. Но, републиканците не сакаат да слушнат за какво било покачување на даноците. Многумина од демонстрантите посакуваат претседателот Барак Обама да пресече и сам да ја подигне максималната граница на државно задолжување. Тој до сега ја одбива таквата можност, иако според Уставот има право на тоа. Надежта дека во Вашингтон сепак ќе преовлада разумот - се` уште не исчезнала.

Автор: Кристина Бергман/Трајче Тосев

Редактор: Симе Недевски