1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банките треба да и‘ помогнат на Грција-ако сакаат

Министрите за финансии на еврогрупата во текот на ноќта постигнаа согласност за учество на приватни доверители, на доброволна база, во новиот пакет за излез од грчката должничка криза. Но, Атина мора да штеди.

default

Делумна согласност-министри за финансии од евро-земјите

„Чуварите на еврото“ претпладнево повторно се среќаваат во Луксембург на разговори за излез на Грција од должничката криза во која западна. Во текот на ноќта министрите за финансии водеа разговори и постигнаа исчекор во правец на нов пакет за спас на високозадолжената Грција: имено приватните доверители како банки и осигурителни компании на доброволна база може да учествуваат во надминувањето на кризата.

„Се движиме кон решение. Дојдовме до заклучок дека треба да има учество на приватни доверители, но тоа мора навистина да биде доброволно“, изјави шефот на еврогрупата, Жан Клод Јункер, и подвлече дека не смее да биде вршен никаков притосок врз приватниот сектор.

Euro-Finanzminister Griechenland-Hilfe

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелас

Да не биде се‘ на товар на граѓаните

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле од своја страна нагласи дека ја поддржува одлуката за доброволно учество, но подвлече дека тоа ќе биде од големо значење:

„Тоа треба да се случи на начин на кој јасно ќе се утврди дека ризикот не треба да го носат еднострано само даночните обврзници. За тоа стнува збор и за тоа бараме решение.“

Одлуката-во јули

Министиите за финансии не донесоа конечна одлука, ниту за итно неопходната кредитна транша од 12 милијарди евра за Грција. Според шефот на еврогрупата, таа ќе биде донесена во јули. Исто така и конечното решение за учеството на приватните доверители би требало да биде донесено на почетокот на идниот месец. Дури тогаш ќе биде подготвен нов пакет-помош за Грција, кој според неофицијални информации треба да биде во висина од 120 милијарди евра. Шефот на еврогрупата меѓутоа изјави, пред да бидат донесени конечни одлуки, грчкиот парламент на крајот на јуни мора да ги усвои новите мерки за штедење.

„Грција исто така мора да даде свој придонес“, вели Јункер.

Symbolbild EU Sparpläne

Тоа меѓутоа нема да биде толку едноставно со оглед на масовните протести во земјата. Освен ова утре во парламентот грчкиот премиер Јоргос Папандреу ќе побара доверба за неговата влада. Новиот грчки министер за финансии Евангелос Венизелос, сепак ги увери колегите во Луксембург, дека неговата земја ќе се придржува до дадените ветувања:

„Може да ја постигнеме целта благодарение на напорите на грчките граѓани и со соработката и помошта на нашите партнери“, изјави Венизелос.

Автор: Леон Штебе/ дпа/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM