1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банките се подготвуваат да отпишат половина од грчкиот долг

Според германскиот весник Билд, во тек се преговори за отпишување на околу 50 проценти од долгот на Грција.

default

Јозеф Акерман

Шефот на најголемата германска банка, Дојче Банк, Јозеф Акерман е вклучен во преговори за отпишување на околу 50 отсто од вкупните долгови на Грција, пишува германскиот весник Билд.

Акерман во истовреме е и претседавач со бордот на директори на Институтот за меѓународни финансии, кој претставува околу 400 водечки светски финансиски институции, и во тоа својство, наводно, ги водел преговорите.

Дојче Банк и германското министерство за финансии одбија да го коментираат извештајот. Сепак, Билд пишува дека се мали шансите да се дојде до договор до крајот оваа недела.

Лидерите на ЕУ се среќаваат следната недела во Брисел и се надеваат дека дотогаш ќе изнајдат решение за финансиската криза која ја тресе 17-члената еврозона. Се очекува европските лидери да соопштат дека приватните доверители ќе мора да прифатат поголеми загуби во однос на долгот кој Грција го има кон нив. Шпекулациите се дека ќе бидат отпишани меѓу 50 и 60 проценти од грчкиот долг.

Истовремено, за да се избегне опасноста од банкарска криза, која би можела да ескалира поради отпишувањето на долгот, европските лидери заговараат и докапитализација на банките кои се најголеми доверители.

Првиот човек на еврозоната Жан Клод Јункер инсистира на докапитализација, аргументирајќи дека само на тој начин ќе се избегне опасноста „од контаминација на целиот банкарски систем“.

Автор: БГ/афп

Редактор: Александра Трајковска