1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банките се најмалку погодени од економската криза

Реалниот сектор е во тешка состојба, вкупната економија влегува во рецесија, но банкарскиот систем е стабилен и тоа дава оптимизам дека Македонија полесно ќе ја преброди економската криза.

default

Во Македонија банките се најмалку погодени од глобалното економско цунами. Тоа, според економските експерти, е шанса за вкупната економија полесно да се извлече од рецесијата која е на прагот. Финансискиот сектор е крвотокот на секоја економија и многу е важно тој дел од економскиот организам да биде здрав, објаснува поранешниот банкар, сега финансиски консултант Зоран Трпески во изјавата за Дојче веле: „Капиталната адекватност на банките во Македонија е многу висока, далеку над критериумите на Базелската спогодба и воопшто на финансиските системи на западните банки. Во прв ред затоа што банките беа конзервативни, а во втор ред затоа што монетарната политика беше така прилагодена да ги држеше банките во висока ликвидност и стабилност во функционирањето.“

Како успеаја македонските банки да останат стабилни во услови кога големите светски банкарски имиња се соочуваат со сериозни тешкотии да ја одржат ликвидноста?

Објаснувањето е едноставано. Банките во Македонија најголемиот дел од кредитните пласмани го обезбедуваат од домашни извори, што значи дека се надвор од тој систем на врзани садови кој можеше да ги

Bankberatung

Банките во Македонија најголемиот дел од кредитните пласмани го обезбедуваат од домашни извори

вовлече во криза. Директорот на една од најголемите банки во земјата - Стопанска банка, Глигор Бишев вели: „Најголемиот дел од овие финансиски средства ги обезбедуваа банките на тој начин што земаа од матичните банки и ги пласираа во националните економии.“

Македонската влада не размислува за дополнителни анти-кризни мерки

По последните статистички податоци кои обелоденија пад на индустриското производство во јуни од 16 проценти, Владата очеува негативни економски показатели и за вкупната економија во вториот квартал. Тоа ќе биде официјална потврда дека Македонија е во рецесија. Но, во Владата се оптимисти дека рецесијата ќе биде бргу надмината. Министерот за финансии Зоран Ставревски вели: „Веројатно

Symbolbild Rezession Finanzkrise Weltwirtschaft Bauindustrie Depression

дека индицираат дека вториот квартал ќе има негативна стапка на економски раст, што би значело два последователни квартали на негативна стапка на економски раст. Гледано за во иднина, и најавите на економските субјекти се дека има очекувања оти работите постепено ќе почнат да се подобруваат.“

Опозицијата не го дели владиниот оптимизам. Зоран Јовановски од СДСМ вели: „По падот на економијата од 0,9% во првиот квартал, очекуваме поголем пад во вториот квартал и официјална потврда дека Македонија е влезена во рецесија. Предвидуваме, за жал, дека Македонија ќе го продолжи падот и дека економијата ќе има пад и во третиот квартал“,

За закрепнување на стопанството, бизнисмените побараа од владата нов пакет антикризни мерки, царински и даночни олеснувања и забрзување на операцијата за кредитирање на малите и средни бизниси. Владата засега не размислува за дополнителни антикризни мерки, ги очекува ефектите од досегашните.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM