1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Банката "Хипо риал естејт“ е спасена

Германската влада и претставници на финансиската бранша се договорија за нов пакет за помош за "Хипо риал естејт“. Кон пакетот од 35 милијарди за спас на банката, договорен претходно, ќе следат уште 15 милијарди евра.

default

Централата на банката

Преговорите наликуваа на покер: претставниците на банките се надеваа дека овој пат ќе ја натераат владата да преземе еден вид гаранции против ризик за сите германски финансиски институти, а не само за актуелно погодената банка „Хипо риал естејт“, но министерот за финансии Пер Штајнбрик не дозволи да дојде до тоа. Сепак, беше изнајдено решение и тоа уште пред отворањето на берзата во Токио - на „Хипо риал естејт“ и’ е ставен на располагање натамошен кредит од 15 милијарди евра за обезбедување ликвидност и тоа исклучиво од страна на банкарско-финансискиот сектор. Остануваат и претходно дадените гаранции од државата во износ од 26,5 милијарди, доколку банката не може да ги плати кредитите.

Погрешни информации од менаџментот на банката

Значи, даночните обврзници во Германија нема дополнително да бидат оптоварени во споредба со пакетот за спасување договорен пред една недела.

„Бевме вчудовидени што менаџментот на „Хипо риал естејт“ на крајот од неделата објави натамошна потреба од милијарди евра за обезбедување ликвидност. Сојузната влада, многу благо речено, дефинитивно се чувствува погрешно информирана од тој менаџмент“ - изјави министерот за финансии Пер Штајнбрик.

BdT Rettungspaket für Finanzkonzern Hypo Real Estate

Спасувачки пакет за финансискиот концерн

Не само што ни тој, ниту канцеларот Ангела Меркел не биле претходно информирани за тоа, туку врз основа на новите вести приватниот банкарски сектор, на чело со шефот на Дојче банк Јозеф Акерман, согледа повод да го откаже учеството во првиот пакет-мерки за спас на „Хипо риал естејт“. Со тоа сите субјекти повторно се најдоа на нула и мораа наново да преговараат. Според канцеларот Меркел, од почеток беше јасно:

„...дека ние нема да дозволиме незавидната состојба на еден финансиски институт да се претвори во незавидна состојба на целиот систем“.

Граѓаните треба да се сигурни за своите влогови

Но, главната порака од канцеларот и од министерот за финансии е дека граѓаните треба да веруваат дека им се сигурни штедните влогови и парите на тековните сметки. За нив гарантира државата, доколку некоја банка банкротира. Ова веднаш отвори прашања дали државата гарантира и за германски клиенти на странски, на пример, американски банки, и за странци кои вложиле пари во германски банки? Министерот Штајнбрик не сакаше да завлегува во подробности. За Втората програма на германската телевизија тој изјави:

„Во Германија имаме функционален систем на обезбедување на влоговите, така што ова побргу е сигнал, згора на тоа обезбедување, да се потврди: во случај на сомневање парите ви се сигурни. Сакавме да дадеме сигнал дека граѓаните не мораат веќе изутрина да трчаат в банка за да си ги извадат парите, оти со тоа автоматски ќе имаме уште повеќе проблеми, а банкарскиот сектор ќе остане без итно неопходната ликвидност“ - укажа министерот за финансии.





DW.COM