1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банката „Стандард чартрд“ „се откупи“

Британската банка „Стандард чартрд“, која во САД е обвинета за перње пари, може да здивне. Со плаќање милиони долари банката засега ја задржува својата дозвола за работа.

Британската банка „Стандард чартрд“ (Standard Chartered Plc) ќе и‘ исплати на американската сојузна држава Њујорк 340 милиони долари за да го избегне губењето на лиценцата поради криење на незаконските зделки со Иран.

Банката со исплатата на казната сака да го избегне санкционирањето, откако на шестти август висок банкарски регулатор на државата Њујорк се закани дека ќе и’ биде одземена лиценцата на банката, бидејќи скрила трансакции со Иран во висина од 250 милијарди долари. Со таквите трансакции биле прекршени американските закони.

Но, спогодбата на британската банка „Стандард чартрд“ се однесува само на американската сојузна држава Њујорк и не ја опфаќа истрагата која ја водат федералните власти, од министерствата за финансии и за правда.