1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банкарство според исламски закони

Банкарските работи во согласност со исламските закони. Токму тоа од есен во Германија сака да го воведе една турска банка. Овој модел би можел да биде привлечен и за немуслиманите.

Стоп за високоризични финансиски работи, наместо нив-банкарски трансакции кои имаат вистински смисол! Тоа е паролата која во време на европска финансиска криза многумина би ја напишале со задоволство. Тоа е темелното начело на првата банка востановена во согласност со исламските правила, која истанбулската банка Кувејт Турк сака да ја отвори во Германија.

Работи поврзани со вистинските вредности

„Темелното начело на некоја исламска банка е таа да ги следи исламските упатства и начела“, објаснува основачот и раководител на Институтот за исламско банкарство и финансии Заид ел-Могадеди во интервјуто кое за Дојче веле го даде во Франкфурт.

Zaid el-Mogaddedi

Заид ел-Могадеди, основач и раководител на Институтот за исламско банкарство и финансии

Меѓу останатото, забрането е инвестирање во игри на среќа, порнографија или трговија со оружје, како и во фирми во кои се произведува свинско месо или алкохол, како и во презадолжени претпријатија. Понудата на финансиските услуги ќе ја контролира етичка комисија, која исто така ќе се занимава и со прашања за шпекулации на цените на животните продукти. Финансиските услуги на некои исламски банки би требале посилно да бидат поврзани со реалната состојба во економијата, отколку што е тоа кај  конвенционалните банки. Темелот за тоа е шеријатското право, како и исламските норми и правниот систем. Според нив, зад секоја парична трансакција би требал да стои и некоја реална работа или извршена услуга. Високоризичните финансиски работи на тој начин се исклучени, токму како и каматите, како форма за чиста заработувачка од поседувањето пари.

Без камата, но со доплата

Клиентот во некоја исламска банка така не може да добие кредит во класичната смисла на зборот. Наместо тоа, банката за својот клиент директно го купува посакуваниот објект, на пример недвижнина. Клиентот потоа на банката и‘ го враќа тој износ на рати, со посебна доплата.

„И во ’исламското финансирање’ исто така постојат механизми кои имитираат камати. Се’ едно, тоа не е исто“, објаснува Мартин Шулте, експерт за исламско банкарство во Здружението на странските банки во Германија. Така некоја исламска банка ќе оствари добивка, што од неа и се очекува. Но, бидејќи недвижностите сама ги купила, таа учествува во ризикот, на пример, вредноста на таа недвижност да падне. Поделбата на добивката и загубата меѓу банката и клиентот, кои се доживуваат како партнери кои соработуваат, е уште едно темелно начело на исламските банки. Така и клиентот добива посебни уплати, слични на камати, на износите кои ги држи на својата исламска банкарска сметка.

Bank für Muslime

Филијала на Кивет Турк

За да се разбере концептот на некоја исламска банка мора нјапрво да се разбере исламското сфаќање на парите, вели Мартин Шулте.

„Парите не се оплодуваат, што значи дека со самите негови трансакции економски не остварувам никаква дополнителна вредност. Тоа е медиум за размена кој самиот нема никаква економска моќ“, вели Шулте.

Токму сега, во должничката криза во која се најдоа цели држави, може да се види колку каматите на каматите можат должниците да ги донесат во теснец.

До сега без успешен модел

Во Велика Британија веќе има една исламска банка, но нејзината матична куќа токму овие денови мораше да и’ пружи поддршка за да се извлече од потешкотии. Одредени банки во САД и Франција веќе нудат финансиски услуги во согласност со исламските закони, но без поголем успех. Исламските ивестициски фондови, кои беа претставени во мај годинава, се први такви регистрирани во Германија и се’ уште се во почетна фаза. Едно истражување на германскиот институт Штреземан, објавено во јули годинава, дојде до заклучок дека “исламското финансирање“ во европските земји доживеа неуспех, бидејќи муслиманските клиенти, поради своите ниски примања, немаа доволен вложувачки потенцијал. За стручњаците од етичката комисија, кои би требале да го надгледуваат исламското банкарство, во ова истражување се забележува дека не се доволно стручни, како и дека застапуваат премногу различни стојалишта.

Заид ел-Могадеди смета дека причината за досегашните неуспеси на исламските финансиски производи пред се’ е лошата маркетиншка стратегија и смета дека банката Кувејт Турк има иднина во Германија. И Мартин Шулте смета дека на германскиот пазар има место за исламска банка. Во муслиманските земји, пак, мнозинството од населението се’ уште повеќе оди во конвенционалните банки.