1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банкарската тајна да биде зачувана!

Тајните конта во странство, одамна се трн во око на германските власти, оти преку нив се избегнува данок. Покрај притисокот, Швајцарија се противеше да соработува со странските власти. Ова сега треба да се смени.

default

Да се складираат неоданочени пари во Швајцарија, во иднина ќе биде се’ потешко. Покрај договорот за двојно оданочување, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и неговиот швајцарски колега Ханс Рудолф Мерц потпишаа и документ, кој треба да претставува основа за преговори за нов меѓудржавен договор. Накусо: со овој

Bank Credit Suisse in Zürich

договор, трупањето на неоданочени пари во Швајцарија треба да стане неатрактивно. Министерот Шојбле, меѓутоа, подвлече дека вистинската работа допрва претстои: „Оваа заедничка декларација не е склучување меѓудржавен договор, за тоа има уште многу работа. Но, се разбира е повеќе отколку необврзувачка намера. Таа претставува јасно отворање на преговарачки процес, чии рамки, содржина и цел се точно определени.“

С‘ржта на швајцарската банкарска тајна мора да биде зачувана

Итна цел на германскиот министер за финансии е да стигне до неоданочените пари на германските вложувачи во Швајцарија. Експертите проценуваат дека германските вложувачи во Швајцарија имаат околу 150 милијарди евра. Со дополнително оданочување на овие средства, би можеле да се влеат многу средства во германската државна каса - сума од 30 милијарди евра, шпекулираат медиумите деновиве. Министерот Шојбле потенцираше дека кај средствата не станува збор само за камати, туку и за капитал, кој неоданочен бил пренесен во Швајцарија. Сега се на ред швајцарските конта на германските даночни грешници -

Schweiz Banken USA Hypothekenkrise Logo von UBS Bank

Швајцарија ќе ги префрла парите во Берлин, но нема да ги проследува имињата на оние што затајувале данок. Швајцарскиот министер Мерц, од своја страна, јасно истакна дека во потрагата по решение за спорот, с‘ржта на швајцарската банкарска тајна мора да биде зачувана: „За нас автоматска размена на информации не е решение, и во секој случај тоа ќе го отфрлиме со сите држави.“

Во иднина, приходите на германските вложувачи на швајцарските конта ќе биде оданочувана добивката остварена преку камати. Колкава ќе биде стапката, допрва ќе биде утврдено од страна на двете земји. Освен ова, составен дел на преговорите ќе биде и т.н. проширена помош од страна на швајцарските надлежни органи. Швајцарија ќе треба да соработува со германските финансиски власти при сомнеж за затајување данок, дури и во случаи ако им е познато само името на затајувачот, но не и банката. Преговорите за новиот меѓудржавен договор треба да почнат во јануари наредната година.

Автор: Паскал Лехлер / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска