1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Банкарите подготвуваат мерки против финансиски кризи

Банкарите извлекоа консеквенции од глобалната финансиска криза и сакаат сами да си наметнат регулатива, пред некој друг да дојде на таа идеја - на пример, министрите за финансии на претстојната средба на Г7.

default

Јозеф Акерман, шеф на Дојче банк

Неделава на многубројни меѓународни средби во фокусот е кризата на финансиските пазари. Во Вашингтон наредните денови ќе се состанат министрите за финансии на групата Г7,а ќе се одржи и пролетното заседание на ММФ и на Светската банка. Спроти овие собири, Меѓународното здружение на банките излезе со реформски предлози за да се врати довербата во финансиските пазари.

Плановите на банкарите ги обелодени шефот на Дојче банк Јозеф Акерман, претседател на Меѓународното банкарско здружение, кое опфаќа 370 големи банки од светот: „Ние предлагаме повеќе мерки во областа на менаџментот на ризикот, менаџментот на ликвидноста, потоа во однос на прашањата на рејтинг-агенциите и многу други работи, што треба да придонесат токму самата индустрија да презентира решенија и да работи на тоа“, рече тој на прес-конференција во Франкфурт на Мајна.


90 пунктови на кои се можни подобрувања

Акерман најави дека наскоро, уште пред летната пауза, ќе бидат објавени препораките. Тој оцени дека е ова важен пат за да банкарите да покажат дека не се неопходни натамошни регулаторни барања и оти самите се способни брзо и ефикасно да постапуваат со предизвиците.

Пет работни групи на 24 страници изложија 90 пунктови кај кои има потреба од подобрувања и кај кои финансиската бранша би требала брзо да дојде до единствени прравила и стандарди.

Една третина од тие 90 точки се занимаваат само со темата менаџмент на ризикот.

За прв пат тема беа и стимулациите и бонус-исплатите на вработените. Досегашниот систем на годишни пресметки токму поттикнува жонглирање со големи суми. Поради тоа, плаќањето бонус треба посилно да биде ориентирано на долгорочниот успех на претпријатието и да биде така регулирано, што ќе спречува погрешно однесување на поединечни соработници.


И рејтинг-агенциите земени под лупа


За порано откривање на глобален погрешен развој во финансискиот систем во иднина, Меѓународното здружение на банките препорачува востановување 20-члена интернационална експертска група која треба постојано да ги набљудува банките и пазарите на капитал.

Според претставите на Здружението, и рејтинг-агенциите, врз чии оцени се потпираат многумина вложувачи, треба да бидат посилно надгледувани и наведени на придржување кон стандардите на браншата. Тие се најдоа на удар на критика оти и безвредни или хартии од вредност со екстремно високи ризици оценуваа како добри. Но, рејтинг-агенциите подготвиле сопствени идеи - со нив се води дијалог, се вели дипломатски во една фуснота.

►◄