1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бам ќе биде изграден за две години

Четири дена по катастрофалниот земјотрес во Иран, од под урнатините се извадени и закопани 28 илјади загинати. Меѓународните помагачи и хуманитарци, спасија повеќе од две илјади лица. Вчеравечер, потрагата по преживеани речиси запре.

Надежта е закопана. Во Иран речиси веќе и нема шанси за пронаоѓање уште преживеани. Германските хуманитарци од денеска почнуваат да се враќаат во Германија. "Направивме што можевме", изјави лекарот Франк Маркс. Во болниците во земјата на лекување се 12 илјади луѓе. Министерството за здравство апелира до населението за давање крв.

Иранското радио повикувајќи се на локалните власти јави дека досега се закопани 28 илјади луѓе. За мртвите, од кои дел до вчера сеуште лежеше на улиците, да бидат погребани достоинствено, во градот Бам допатуваа околу 500 исламски свештеници. Дел од телата се закопани во масовни гробници. Поради страв од заразни болести, министерството за здравство стави во карантин делови од градот. Во кризниот регион, сега прва задача на хуманитарците е згрижување на повредените и луѓето без покрив над главата. Телефонската и електричната мрежа делумно профункционираа, а делови од градот повторно имаат и вода за пиење. Иранскиот претседател, Мохамед Катами, најави дека разурнатиот град Бам ќе биде повторно изграден за две години.