1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Балтимор ја освои титулата во американски фудбал

Екипата на Балтимор славеше со 34:31 во финалето на американската професионална фудбалска лига-НФЛ. Популарниот „Супербоул“ се одигра во Њу Орлеанс пред 70 илјади гледачи и стотици милиони пред ТВ-екраните

Екипата на Балтимор „Рејвенс“, победи во 47-то издание на Супербоул и ја освои шампионската титула во НФЛ-лигата, во финалето Балтимор ги совлада Сан Франциско „Фортинајнерс“ со 34:31.

Супербоул натпреварот, на кој Балтимор ја освои својата втора титула во историјата на клубот, се одигра во Њу Орлеанс. Балтимор во финалето, се‘ до моментот кога дојде до прекин на снабдувањето со електрична енергија имаше сигурна предност со 28:6.

По паузата Сан Франциско играше подобро, имаа неговите играчи и два напада за победа, но Балтимор успеа да се одбрани.

Super Bowl/ Beyonce

Бијонсе имаше извонреден настап на полувремето

Сан Франциско, претходно имаше максимален ефект, шест финалиња и исто толку титули.

Во финалниот меч, прв пат во историјата на НФЛ, како тренери се соочија двајца браќа – Џон (Балтимор) и Џим (Сан Франциско) Харбро.

За МВП на натпреварот е прогласен играчот на Балтимор Џо Флако, кој во текот на плејофот имаше 11 тачдауни, со што го израмни рекордот на Џо Монтана од 1989 година. Реј Луис со титула се прости од Балтимор и стави крај на 17-годишната кариера.