1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Балкан – енергетски центар на Европа?

Вода, сонце, земјина топлина: земјите на Југоисточна Ебропа се богати со приридони богатства чиј енергетски потенцијал е малку или воопшто не е искористен. Тоа би можело набргу да се промени, како што покажа меѓународната конференција одржана во Волфсбург, за обновливи енергии. Организатор беше германскиот институт за европски прашања. Учествуваа претставници на преку 20 земји, меѓу нив и од Македонија.

Ќе ги има ли наскоро и на балканските простори?

Ќе ги има ли наскоро и на балканските простори?

Енергија, економија, екологија – во тој тријаголник многу држави ја градат својата индустриска иднина. Со користењето на обновливите енергии посебно би се намалила зависноста од фосилни горива, би се унапредил економски пораст заедно со истовремена заштита на човековата околина. А, токму земјите од Југоисточна Европа се богати со вода и доволно ветер или буквално се печат под жештината на сонцето:

„Тоа значи дека има малку големи региони во Европа кои имаат толку идеални околности што во иднина најмногу сами би обезбедувале енергија, а делови би можеле и да извезуваат„, вели шефот на германскиот институт за европски прашања од Диселдорф, Јирген Грамке и дополнува:

„Ако погледаме во поблиската иднина, да речеме во наредните 15 години, убеден сум дека Југоисточна Европа, со тоа мислам токму на Балкан, можеме да го посматраме како енергетски центар за Европа. Можеби звучи малку чудно, меѓутоа се’ се совпаѓа за идниот интелигентен енергетски микс„.

Претпостваки за тоа, спроед Грамке, се државите од регионот, со помош на Европската унија, на ова економско подрачје да му обезбедат правни рамки што досега не е направено. Она што се случуваше досега е охрабрувачко, проценува напротив, потпретседателот на војводинската влада Тихомир Симиќ:

„Во сите земји што минаа низ транзицијата, во последниве години, преку новите закони за енергетика, се обезбедени претпоставките за иницијативи на фирмите. Тоа им овозможуваат употреба на нови технологии за користењето на обновливите енергии, што истовремено би им донесло и добивки„.

Според хрватскиот експерт за развој на проекти Дарио Лукета се треба да биде насочено кон едно:

„Целта гласи: уделот на обновливи енергии во согласност со Кјото протоколот до 2010 година да се покачи на 5,75 проценти„.

Ова не се однесува на водниот потенцијал што во државите на поранешна Југославија го има во изобилство, но е користен далеку под можностите. Дури во последно време на реките од Вардар до Сава никнуват нови мали водни електрични централи. Посебно ова се однесува на Босна и Херцеговина која дури може да извезува струја:

„Веќе се изградени повеќе мали централи кои вкупно обезбедуваат струја од 25 мегавати. Во моментов работиме врз 30 до 40 нови проекти. Постои можност и за повеќе стотици, секако, ако се развијат нови применливи технологии„, вели потпрестедателот на трговската комора на Босна и Херцеговина Махир Хаџиахметовиќ.

Погоните за проиводство на био-дизел гориво во моментов се хит во целиот регион. Одговорниот во македонската влада за регулирање на енергетскиот пазар Влатко Гаврилов забележува:

„Објавивме јавен тенедер за да собереме понуди за издавање концесии за изградба на 60 мали хидро-централи и за прозивдоство на струја со капацитет на секоја поединечно од 5 мегавати. Имаме намера да инвестираме и во изградба на централи на ветер секоја од по 50 мегавати. Намера ни е да изградиме и две централи на био-маса со капацитет од двапати по 7 ипол мегавати. Изградбата на фабрика за производство на био-дизел е во завршна фаза„.

И министерот за стопанство на Црна Гора Бранимир Гвозденовиќ задоволно изјавува:

„Веќе имаме во план 4 фирми со генератори на ветер со вкупна моќ од 20 мегавати, а очекуваме до крајот на оваа година да организираме тендер на кој би се јавиле заинтересирани партнери„.

Инвеститори, таков е впечатокот од конференцијката во Волфсбург, набргу може да има се повеќе.