1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Балкански фудбалски врски

Можно ли е фудбалско обединување на Балканот? Идејата за поврзување на земјите од регионот преку формирање на фудбалска лига одамна е присутна. Во Скопје на оваа тема беше организирана дебата на претставници од 11 земји.

default

Нелко Нелковски

Носители на проектот за фудбалско обединување се организациите за мрежно поврзување во Европа „Балкан фаре“ и „Балкан фудбал“. Нелко Нелковски, еден од иницијаторите, вели:

„Стартувавме со проект кој има 4 компоненти - Балканска фудбалска лига, Балканско фудбалско првенство, Балканска фудбалска репрезентација и Балкански фудбалски развој. Она што е важно е вкупната атмосфера во околината, која упатува на тоа дека има извонреден интерес да се придвижи еден ваков нов начин на комуникација, позитивен за балканските земји во рамките на спортот.“

Никој не е против, но сите се главно воздржани

Одгласите од Фудбалската Федерација на Македонија околу реализацијата на проектот засега се доста воздржани. Усогласување на критериумите, имињата на учесниците во Лигата, финансирањето, безбедноста, го прават проектот се‘ уште далечен, велат во канцеларијата на ФФМ.

Flash-Galerie Stadion Dinamo Zagreb

Проектот има 4 компоненти - Балканска фудбалска лига, Балканско фудбалско првенство, Балканска фудбалска репрезентација и Балкански фудбалски развој

Според Нелковски, важно е што ниту една од 11-те федерации не е против. А за бариерите вели:

„Прва пречка се минатите 20 години транзиција и многу сериозни проблеми од типот на национални конфликти, премин од социјализам во капитализам, различни концепти кои ги создаваа земјите, и политизираноста на спортот. Тоа директно влијае на лошата комуникација на спортот во регионот. Се разбира и навивачите се еден многу важен сегмент од целиот проект, кој за да го оствариме, подготвуваме една посебна програма само за навивачите и вкупната комуникација. И третиот сегмент се финансиите. Но, нашата анализа покажа дека нема да има проблеми со финансиите.“

Старт во септември 2011?

На прашањето за тоа дали има реални сознанија за евентуален старт на Балканската фудбалска лига, Нелковски одговара:

„Ние сме фокусирани оваа лига да започне во септември. Се разбира ако не успееме овој септември, тогаш следниот септември. Се работи за еден сложен приод каде што е потребно со консензус да се согласат националните

Mazedonien Land und Leute Mazedonische Fußballfans

Една од бариерите за остварување на проектот се и навивачите, кои треба подобро да комуницираат меѓу себе

фудбалски федерации, УЕФА, ФИФА, локалните клубови, локалните спонзори, политичката структура. Во секој случај, нашиот процес опфаќа барање широка поддршка на сите кои можат да ни‘ дадат.“

Клубовите, учесници во натпреварувањето во првата фаза би биле од таканаречениот „втор корпус“ во националните првенства,кои се без излез во Европските купови. Ќе биде ли привлечна?

„Сметаме дека е тоа е еден приод кој најмалку ќе направи проблеми во рамките на фудбалските сојузи, затоа што не е можно ние да се мешаме внатре во работата на фудбалските сојузи и треба да биде прифатен концептот од фубалските сојузи. Се разбира, ние не се откажуваме од базичната идеја да се направи една супер лига.“

Идејата е во интерес на фудбалот. Нелко Нелковски вели дека по нејзината презентација во Скопје, Љубљана, Белград, Сараево, таа станува се‘ пожешка. Време ли е за нејзина скора реализација, останува на проценката на фудбалските, на спортските, но во случајов и на политичките структури.

Автор: Златко Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска