1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Балкански конфликт на трибините на Шалке

Инцидентот што се случи на трибините на Шалке на натпреварот против ПАОК во Лигата на шампионите се најде во германските весници, кои освен на полициската акција се осврнуваат и на спорот околу името.

„Според наше гледиште тоа беше катастрофално погрешна проценка на полицијата, која доведе до многу повредени. Тешко ми паѓа да ги сфатам мотивите на службениците. Не се повредени само Ултраси, туку и семејства со деца. Од сегашна перспектива тоа е речиси апсурдно и скандалозно“, вели Маркус Мау контакт лице меѓу фановите на Шалке и делегатите и официјалните службеници на фудбалските натпревари, во интервју за онлај изданието на весникот „Зиддојче цајтунг“.

На прашањето на весникот: „Според полицијата причина за акцијата беше едно македонско знаме, кое ги провоцирало грчките фанови. Навистина ли беше така?“ Мау одговара:

„ 'Ултрас Гелзенкирхен' (УГЕ) со години негуваат пријателски контакти со Ултрасите на клубот Вардар Скопје. Затоа не беше ништо невообичаено, тоа што знамето се вееше во блокот. Тоа таму честопати е истакнато и во Бундеслигата како и на натпреварот против Олимпијакос Пиреа во минатата сезона. Јасно, дека на фановите на Паок од Солун тоа безусловно не им се допаѓа, но ништо не говори против тоа да има едно ваков знаме на стадионот“, подвлекува Мау. Тој во интервјуто го негира тврдењето на полицијата дека со тоа сакала да спречи ескалација во блокот на Грците.

„Јас тоа поинаку го доживеав отколку полицијата. Тие сметаа дека 2.700 Грци само што не се спобудалеле и сакале да влезат на теренот - тоа не е точно. Тоа беше нормален меѓународен натпревар во нашата арена. Со сигурност, Грците го забележаа знамето и извесно е дека не беа среќни. Тоа меѓутоа е исто како фанови на Шалке да виделе знаме на Дортмунд во гостинскиот блок. Но дека со тоа треба да се образложи драстична акција на полицијата во блокот на Шалке, тоа е прекумерно“, вели Мау кој во моментот кога полицијата ја изведуваше акцијата во блокот на Шалке се наоѓаше во блокот на грчките фанови.

„Токму тоа најмногу не загрижува. Еден ваков инцидент во домашниот блок каде се наоѓаат многумина млади, тоа останува забележано. Тие во иднина ќе пеат 'Џандарите се свињи' без око да им трепне. Довербата во полицијата се губи, што е голема опасност за општеството. Тоа мора да се спречи, иако за нас, проектот на фановите тоа е тешко“, вели Маркус Мау за „Зиддојче цајтунг“.

Истиот весник во печатеното идание за инцидентот на стадионот на Шалке го донесува текстот под наслов. „Балкански конфликт во блокот Н“

Champions League FC Schalke 04 - PAOK Saloniki

Од фудбалски терен во политичките кулоари

„'Шалке на гости кај пријателите'“, со овие зборови „Зиддојче цајтунг“ се навраќа на пријателскиот натпревар меѓу Шалке и Вардар од 25. мај годинава на стадионот во Скопје - славје не само за фудбалот, туку и за страсните приврзаници на двата клуба, кои ги поврзува повеќегодишно пријателство.

„Невообичаената унија меѓу Ултрасите од Гелзенкирхен и оние од Скопје нема политички мотиви. Но на натпреварот во средата навечер против ПАОК таа западна во вртлогот на политичкиот живот и предизвика насилна конфронтација на стадионот, каква што таму немало со години “. Весникот понатаму ја опишува масовната акција на полицијата, наведувајќи дека неможело да се претпостави зошто дошло до неа оти немало невообичаени движења во блокот на Шалке, само во блокот на грчките фанови имало поединечни бенгалски огнови и помали инциденти.

„Образложението дојде ден потоа од полицијата од Гелзенкирхен. Повод за интервенцијата беше едно знаме кое Ултрасите, кое како знак на пријателство меѓу фановите на Шалке и Вардар, веќе подолго време редовоно го прикажуваат во болкот Н“. Весникот понатаму накусо го опишува спорот за името меѓу Македонија и Грција, кој до денес го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, пишува „Зиддојче цајтунг“.

„Од Балканот конфликтот се премести за една вечер во Рурската област. 'Поради содржината и претставувањето на знамето грчките гости како група народ се чувствуваа значително навредени (...) Според портпаролката на властите Штефани Даренмелер присуството на знамето било дури 'дело на ширење омраза'. Знамето во Германија меѓутоа не е забрането. (...) Петер Петерс од раководството на Шалке во име на клубот акцијата на полицијата ја оцени како 'целосно несоодветна' (...) Атмосферата на стадионот до инцидентот не беше агресивна, дури ни во блокот на приврзаниците на ПАОК. Македонското знаме беше присутно и пред почетокот на натпреварот, исто и во изминатата година, велат фановите, со Ултарсите замина дури и на пат кон Грција, кога Шалке играше против Олимпијакос.

Тогаш немаше проблеми. Сега учесниците мора да стравуваат од значителни консеквенции: Шалке е соочен со казна од УЕФА; на фановите кои се судрија со полицијата им се закануваат пријави и забрани за присуство на стадиони - сето тоа поради пријателство меѓу страсните навивачи, кое ненадејно стана политички бризантно“, пишува „Зиддојче цајтунг“.

Во онлајн изданието на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пак се вели.

„Полициската акција на наптреварот од Лигата на шампионите меѓу Шалке 04 и ПАОК (1:1) ќе има продолжение. Клубот е шокиран од несоодветната реакција. Исто така и Македонците во Германија се иритирани“, пишува „ФАЦ“ и продолжува: „Македонскиот почесен конзул Мирче Филиповски, во првична изјава се чуди за тоа што полицијата во Гелзенкирхен покажувањето на поранешното македонско национално знаме на трибините на фановите на Шалке го осуди како 'дело на ширење омраза'. Многу Македонци во Германија се 'ужаснати' поради тоа“. „ФАЦ“ кој во контекст на инцидентот на натпреварот во Гелзенкирхен исто така се осврнува на спорот за името.

„Заднина на раздорот е тоа што Грција со Македонија спори уште од основањето на Република Македонија за името на земјата, која како поранешна република во Југославија така веќе се викаше. Грција, чиј северен регион околу неговиот главен град Солун граничи со Македонија и исто така се вика Македонија стравува меѓу другото од територијални претензии од соседот, чија територија како и грчкиот регион припаѓа кон географскиот регион Македонија. Античките државни гранции на Македонија се протегаат надвор од денешните гранции. Во голема мерка поради грчкото политичко влијание, на Република Македонија до денес не и е возоможен пристап во ЕУ и во НАТО“, пишува „ФАЦ“.

И „Шпигел онлјан“ информира за инцидентот на трибините на Шалке и за спорот околу името меѓу Македонија и Грција. Весникот се осврнува и на тврдењето на полицијата дека акцијата била неопходна поради сомневање за „ширење омраза“.

„Постоеше сомневање за ширење на омраза, објасни полицијата еден ден подоцна. Но што е во тоа ширење омраза, не можеше да појасни ниту портпаролката на полицијата на прашање во интервју за радиото Емшер Липе, 'тоа неможам да кажам“, рече таа. Само уште толку: Ултрасите на Шалке биле спријателитени со приврзаниците на македонскиот прволигаш Вардар Скопје и затоа сакале да ги провоцираат грчките гости од Солун.

'Во никој случај не се работи за ширење омраза', изјави пак еден висок по ранг полициски службеник од Северна Рајна Фестфалија за 'Шпигел онлајн', 'поглед во кривичниот закон веднаш го покажува тоа'. Доколку на знамето можеа да се прочитаат соодветни пароли, кои би потпаднале под параграф 130, тогаш би било поинаку. Но сосема очигледно на знамето стоеше навистина само името на македонската фан група 'Комити Диселдорф'.

Иако Грција и Македонија огорчено спорат околу 'Сонцето од Виргина', покажување на истото во Германија не е забрането“, пишува „Шпигел онјалн“.