1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Балканските земји ги парафираат договорите за визни олеснувања

Црна Гора и ЕК во Брисел вчера го потпишаа договорот за олеснување на визниот режим. Тоа е прв важен чекор кон целосна либерализација. Иако беше планирано таквиот договор не е потпишан и со Србија. Директорот на српската канцеларија за придружување Тања Мишчевиќ, соопшти дека ниту по четиригодишни преговори не успеале да се усогласат околу последната спорна точка врзана за реадмисија. Таа сепак очекува договорот да се потпише до крајот на април. Македонија и ЕК во петок треба да ја одржат последната рунда преговори и се очекува тогаш да биде парафиран и договорот за визно олеснување.