1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Балканот со нов имиџ

Претседателите на седум југоисточноевропски држави вчера се состанаа во албанското пристаниште Драч за да ја продлабочат соработката меѓу нивните земји и да продискутираат околу заедничките цели:приемот во ЕУ и во НАТО.

Косово-една од темите во Драч

Косово-една од темите во Драч

Шефовите на седумте држави од ЈИЕ се собраа на неформален состанок на иницијатива на албанскиот и на хрватскиот претседател Алфред Мојсиу и Стипе Месиќ.Тие разговараа за можностите за развој на туризмот во балканскиот регион и подобрувањето на неговиот имиџ.Балканот не смее да се смета и натаму како регионна конфликти,туку као сигурен и просперитетен.Претседателите го истакнаа значењето на прекуграничниот надрегионален пазар,кој треба да биде поврзан со ЕУ,како и либерализацијата на протокот на стоки и слободната фкултуација на луѓе,како и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Српскиот претседател Борис Тадиќ за Дојче Веле изјави:

-Денеска ги дискутираме перспективите на туризмот и стопанството.Но,во исто време наше заедничко укажување е дека Балканот и самиот е инфраструктура.Мораме да ја користиме нашата геостратешка позиција за да ги развиеме економиите и регионот.

Тој ја изрази надежта дека регионот ќе стане интересен за ЕУ.

ЕУ- членството е заедничка цел на сите држави од овој дел.По приемот на Бугарија и Романија,на план е членство на Хрватска и Македонија,но и другите се надеваат на тоа до 2012 година.

Втора тема на дискусии беше иднината на Косово.Албанскиот претседател го повтори ставот дека покраината треба да биде слободна,независна и демократска,што ќе ги зајакне европските трендови во регионот.Тадиќ го изнесе пак ставот на Белград:

-Ние,Албанија и Србија и Црна Гора имаме сосема различни ставови во ова прашање.Ние го застапуваме нашиот интегритет и територијален суверенитет,нашите права.Во исто време го респектираме правоот на албанската нација на Косово.Додека правиме напори за компромис,се одвива преговарачкиот процес.

Тадиќ повтори-Белград е против одделување на Црна Гора и независно Косово.