1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Балканот не е мртов

Публиката во Париз топло ја прими француската изведба на претставата „Балканот не е мртов“, на Дејан Дуковски. Грчката дијаспора меѓутоа остро протестира за користењето на зборовите македонски и Македонци во претставата.

default

Плакатот за претставата „Балканот не е мртов“ во режија на Доминик Долмио

„Чесна публико! Каква среќа. Вие имате можност да ја видите најдобрата патувачка театарска трупа од Балканот и од целиот свет. Во Париз пристигна голем театар. Нема да ви ги полниме ушите со турскиот караѓоз. Нема ниту истрели, ни песни. Нашиот репертоар е со високо уметничко ниво. Сите жанрови - мелодрами, антички драми полни со трагични зборови, комични претстави. Таканарeчени херои, мајтапџии, илузионисти, чесни кралеви, убави принцези. Крв, љубов и реторика. Судбина или среќа... И на крајот, автори од земјата. Македонци кои ви зборуваат за потребите на Македонците. Дојдете да ги видите вашите лични внатрешни страдања и метежи. Тежината кој лежи во вас.“

Balkan ist nicht tot

Со овие зборови француската публика се повикува да влезе во театарот „Оприме“, во превод „Тетарот на угнетените“, каде театарската трупа „Театарот од Силдавија“, која работи при Домот на Европа и Ориентот во Париз, ја игра претставата „Балканот не е мртов“ од македонскиот автор Дејан Дуковски, во превод на Жан-Делакруа Ангелоски.

Љубовта како универзален јазик

„Изборот на овој текст не е случаен“, ни‘ вели Доминик Долмио, режисерот на претставата и воедно директор на Домот на Европа и Ориентот: „Посебно ја сакаме претставата „Балканот не е мртов“ поради повеќе причини. Најнапред од естетски причини, зашто текстот на Дејан се совпаѓа со она што го работиме, односно тој е без отстапки и е ангажман за почитување и разбирање меѓу народите. Имено „Балканот не е мртов“ зборува многу за средбата меѓу Западот и Истокот, меѓу Турците и Словените, меѓу христијаните и муслиманите.

Balkan ist nicht tot

Ова е актуелна тема и овде во Франција, иако аспектот на оригиналниот текст на „ Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, од кој е инспирирана претставата на Дејан е неразбирлив за француската публика.“, вели Долмио.

Тоа што е интересно во претставата и која сепак останува достапна за француската публика е „местото на љубовта, која го избегнува ужасот опишан во претставата“. „Балканот не е мртов“ раскажува приказна за средбата меѓу два народи. Љубовта, благодарно чувство, исто како и во оригиналната претстава на Војдан Чернодрински доминира во претставата. Таа ги турка двата народи да се сретнат и да се разберат. Но, невозможната љубов меѓу муслиманите и христијаните предизвикуваат драми и семејни раздори.

Немир во грчката дијаспора

Претставата е примена топло од париската публика и покрај тежината на пораката која таа ја носи. Претставата може да се спореди со машина за перење, но со програмата за исцедување. Четириесет и четири сцени се слеваат една по друга во еден пеколен ритам, со многу ликови, на што француската публика се’ помалку и помалку е навикната.

„Претставата е во целост универзална и таа зборува за страдањата на секого. Претставата на Чернодрински, која ја игра Патувачката театарска трупа е богата со благородни патриотски чувства за создавање на националниот идентитет, но затоа пак кај Дејан носители на претставата се суровоста, зависта, корупцијата.“, вели режисерот Долмио.

Balkan ist nicht tot

„Балканот не е мртов“ не‘ потстетува дека историјата вечно се повторува, а дел од реакциите не‘ враќаат и во суровата политичка реланост на Балканот. Имено, грчката дијаспора во Франција остро протестираше поради употребата на зборовите македонски и Македонци, повикувајќи на бојкот и на укинување на субвенциите од француските институции за театарот кој се осмели да зборува за постоење на Македонци. Проблемот околу името, кој како што ни рече Доминик Долмио е речиси непознат за пошироката француска јавност, со исклучок на оние кои работат или се интересираат за Македонија. Тој не сака да се впушта во полемика со грчката дијаспора во Франција, и да отвора полемика.

„Немав време, но кога би имал топло би им се заблагодарил што ни‘ направија толку многу реклама и што ми дозволија да се занимавам со покорисни работи“, вели Долмио.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска