1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Балканот на дневен ред во Советот на Европа

Балканот и денеска ќе биде една од главните теми за кои ќе расправа ПС на Советот на Европа. Вчера беше изгласан извештајот на парламентарецот Дик Марти, во кој се посочува на недозволена трговија со органи на Косово.

default

На дневниот ред се наоѓаат три извештаи кои директно се однесуваат на регионот: „Заштитата на сведоците: камен темелник на правдата и помирувањето на Балканот“, потоа „Обврските на државите членки на Советот на Европа да соработуваат во казнувањето на воените злосторства“ и „Помирувањето и политичкиот дијалог меѓу земјите од поранешна Југославија.“ Пред парламентарците од 47-те земји членки на Советот на Европа ќе треба да говори и да одговара на нивните прашања, претседателот на Србија Борис Тадиќ.

NO FLASH Plenarsaal des Europarats NO FLASH

Денешните дебати, доаѓаат како природно надоврзување на вчерашната расправа посветена на наводните обвинувања за нехумано однесување и трговија со човечки органи на Косово. Резолуцијата предложена од швајцарскиот парламентарец Дик Марти, беше изгласана со огромно мнозинство: 169 гласови за, 8 против и 14 воздржани. Со неа се бара отворање на истрага во однос на овие обвинувања изнесени во извештајот.

„Резултатот од гласањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа покажа дека ние уште еднаш во овој дом не се занимаваме со политика, туку сме чувари на Европската конвенција за човекови права“, изјави известувачот Дик Марти, веднаш по усвојувањето на Резолуцијата за наводната трговијата со човечки органи и други злосторства на Косово.

Dick Marty, Abgeordneter des Europarats, in Straßburg

Дик Марти

За барањето за отворање истрага, поддржано и од косовскиот премиер Хашим Тачи и албанската влада, кои истовремено го обвинуваат Дик Марти дека не дава докази и дека изнесува невистини, швајцарскиот парламентарец потсети дека името на Хашим Тачи се споменувало во различни извештаи уште од пред 15 години.

На новинарско прашање како ја коментира реакцијата на поранешниот француски министер Бернар Кушнер, кој се смееше кога беше прашан за трговијата со органи на Косово, при ланската посета на Косово, Марти одговара: „Што можете да кажете за некој кој се смее во такви околности? Ништо!“

Дик Марти изрази подготвеност да помогне околу истрагата, но барем засега не им советува на неговите сведоци да се појавуваат, бидејќи нив не им е гарантирана вистинска заштита.

„Сведоците играат клучна улога и правдата мора да биде задоволена за да се осигураме дека процесот на помирување во поранешна Југославија ќе се одвива нормално“, изјави пратеникот од Монако, Жан-Шарл Гардето известувачот на оваа тема, која ќе се разгледува денес (26 јануари 2011) во Стразбур.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM