1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Балканот засега „не го боли глава“

Приватното богатство на луѓето од Западен Балкан се чува главно дома, така што врз нив речиси и не влијае светската финансиска криза, оценува менаџерот Владимир Преведен, од консултантската фирма „Роланд Бергер“.

default

Кризната атмосфера воопшто нема натежнато во ЈИЕ. Кога нормалниот граѓанин на улица ќе го прашате за финансиската криза, тој или не знае воопшто ништо или на кризата гледа како да се случува некаде далеку, во Америка, вели Владимир Преведен од консултантската компанија „Роланд Бергер“, една од водечките во светот.

„Банките во регионот воопшто не се погодени. Според моја проценка, и според она што произлегува од разговорите со водечките личности во министерствата за финансии и економија, се‘ до банките, управните одбори и националните банки, на ваквиот развој се гледа опуштено. Кризата, со ослабено дејство и подоцна, ќе се почувствува во регионот. На средината од наредната година ќе се почувствува мало влијание. Главната

Lächeln an der Börse in Frankurt

причина за ова лежи во тоа што повеќето банки во регионот, по правило, се дел од големите европски банки. Тие банки, по правило, имаат спроведено многу строги правила за давање кредити. Во овој случај може да се зборува за многу добра превенција од кризата“, вели Преведен, додавајќи дека во случај кризата да почне да влијае многу врз регионот, владите на тие земји воопшто не би биле во состојба да интервенираат: „За тоа има две причини - владите во регионот, се од една страна многу задолжени. На пример, Хрватска има државна задолженост од околу 90% од бруто домашниот производ. Значи, ново задолжување воопшто не е можно. Од друга страна, тоа од страна на ЕУ и не е посакувано, поради процесот на приближување кон ЕУ.“

Земјите од Балканот, според Преведен, и онака немаат многу директни странски инвестиции, така што слабеењето на инвестициите, поради кризата, нема да се одрази којзнае како на економиите во тие земји. Оние што, најверојатно, најмногу ќе ги почувствуваат последиците од кризата ќе бидат малите и средни претпријатија, кои со капитал стојат лошо, и кои се најмногу упатени на кредити.