1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Балканот завеан во снег

Температурите под нулата и обилните снежни врнежни беа причина за смртта на најмалку шест лица и предизвикаа хаос по патиштата во некои балкански земји.

Четири лица загинаа во Хрватска, а две во Србија како последица на снежната бура, која го зафати регионот на Југозападна Европа за време на викендов и која затвори голем број аеродроми и го блокираше јавниот транспорт во големи градови.

Спасувачките екипи денеска се обидуваат да стигнат до патниците, кои се заглавени во автобусите и возилата, затрупани со снег на патиштата во Србија.

Лицата, кои патувале со автомобили чекале неколку часа на неколку патишта во Војводина, вклучувајќи ја и главната магистрала, која води од Белград кон Будимпешта, пред спасувачките екипи да ги ослободат од снежната покривка од 50 сантиметри, која се натрупа за неколку часа.

Српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ им нареди на сите полициски службеници, кои се на располагање да земат учество во спасувачките операции.

Аеродромот во Загреб вчера беше затворен на неколку часа, а неколку национални патишта исто така беа затворени поради силниот ветер и снежната покривка.

Снежната покривка во Хрватска достигна 45 сантиметри, што последен пат е забележано во 1955 година.

На јадранското крајбрежје има орканска бура. Најпогодено е крајбрежјето кај Макарска, каде просечната бриза на ветровите достигнува до 90 километри на час. На полуостровот Осејава, во центарот на бурата се забележано ветрови со брзина од 155 километри на час. Ситуацијата во Хрватска денеска е подобра, но властите советуваат да се избегнува патувањето.

Невремето, кое ја зафати Црна Гора доведе до обилни врнежи од снег и силен ветер, кои предизвикаа драстичен пад на температурите, особено во северниот дел на земјата. Во Жабљак во девет часот изутрината се измерени минус 12 степени.

Во сите градови во северна Црна Гора, но и во некои централни области, темературите се под нулата. Снегот и поледицата се проблем за сообраќајот во северниот дел на земјата, поради што властите советуваат да се избегнува патувањето. Снежни бури ги погодија и Словенија и Босна и Херцеговина, а романската армија денеска се обидува да ги расчисти од снег патиштата во земјата, во која се одржуваат парламентарни избор.