1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Балиќ бара 200.000 евра од сезона за да игра за Вардар Про

Ивано Балиќ, еден од најдобрите ракометари, во следните неколку денови ќе реши каде ќе ја продолжи кариерата. Опциите се македонски или белоруски клуб.

default

Весникот „Вечерњи лист“ на својата интернет страница објави дека интерес за Балиќ, покрај македонскиот шампион Вардар Про, покажал и белорускиот Брест Мешков.

Ракометниот клуб Вардар на Балиќ му понудил годишна плата од 150.000 евра, но според весникот играчот побарал 50.000 евра повеќе за една сезона.

Од друга страна, раководните луѓе на Брест Мешков веднаш му понудиле на Балиќ едногодишен договор во висина од 200.000 евра, но „Вечерњи лист“ повикувајќи се на свои извори тврди дека за преселба во Белорусија Балиќ побарал 300.000 евра.

Ivano Balic Flash-Galerie

И покрај финансиски подобрата понуда на Белорусите, весникот пишува дека Вардар е сепак во предност за потписот на Балиќ, најмногу поради оддалеченоста меѓу Скопје и Загреб и редовните авионски линии помеѓу овие два града. Имено Балиќ сака да е поблиску до својот син Дино, а доколку се реши за Белорусија, тогаш ќе биде 1.200 километри подалеку од него.