1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бакојани во Лондон

*

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денеска во Лондон од британскиот колега Дејвид Милибанд ќе побара поддршка за ставовите на Грција во врска со спорот за уставното име на Македонија. Бакојани во вчерашното обраќање во лондонската економска школа изјави дека патот на Македонија кон НАТО и Европската унија, е единствено преку заедничко усогласено решение за името на државата. Притоа таа објасни дека за Атина тоа не е емоционално прашање туку прашање за регионална соработка. Бакојани смета дека и покрај крупните отстапки и добрата воља на Атина, властите во Скопје продолжуваат со провокативна политика и не отстапуваат од својата првична позиција. Македонскиот државен врв вчера се согласи дека доколку земјата биде во позиција да бира меѓу уставното име и членство во НАТО, изборот е уставното име.