1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бакојани во диполматска офанзива во Њујорк

*

Грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани денеска ќе разговара со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, а утре со специјалниот посредник на ОН за прашањето околу името Метју Нимиц. Се очекува Бакојани пред Бан Ки Мун повторно да ја претсави грчката позиција во однос на спорот околу името но не и да даде нови предлози на Атина за решавање на прашањето. Грчкиот весник "Катимерини", повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека ќе биде извршен притисок, со оглед на тоа што се приближува времето, Македонија да влезе во последната етапа на патото кон интеграција во НАТО.