1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Базел: меѓу уметноста и фудбалот

Базел е град со најголем фудбалски стадион и со најеуфорична фудбалска атмосфера во Швајцарија.

default

На стадионот во Базел се отвори првенството

Базел е универзитетски град во триаголникот Германија-Франција-Швајцарија, во горниот тек на реката Рајна. Атракција за посетителите се четирите „летечки мостови“, скели преку реката, кои се движат без мотор.„Трикот е во тоа што бродот е врзан за кука, која се закачува на спротивната страна. Скелата така се поставува попречно на водниот тек, а силата на матицата ја турка кон спротивната страна“ - објаснува скелеџијата Жак Турнајзен.

Изворедна културна понуда

Базел најдобро се доживува пешки, пред се’ старото градско јадро, во кое наблизу едни до други се наоѓаат историското собрание на градот, секогаш раздвижениот плоштад, фонтана со скулптури на уметникот Тенгели‘ и катедралата.

Базел има и извонредна културна понуда, вели Ханспетер Вајсхаупт, градски повереник за Европското првенство.„Во однос на бројот на музеите и на нивното значење во светот, ние сме апсолутен врв. Радо му препорачувам на секој гостин да ги посети Музејот на уметност, Бајелер-музејот и Тенгели-музејот, водечки во меѓународни рамки; се разбира, и сите други“.

Kunstmesse Art Basel 2008

Арт Базел

Градот полага врз уметноста и кога е во прашање навивачкото шеталиште, кое е уметнички уредено, оти Базел, освен евро-фудбалот, ги има и меѓународно познатата уметничка изложба Арт, а годинава и терминот на Базелворлд, саемот на часовници и накит, беше поместен за да се совпадне со Европското првенство. И целиот регион околу Базел, со францускиот Елзас и германскиот Шварцвалд има што да понуди, пред се’ на културен и архитектонски план.

Цирих и Базел имаат посебен меѓусебен однос

Базел е 90 километри оддалечен од Цирих, а двата града ги поврзува еден посебен однос, како Келн и Деселдорф, или на пример, Битола и Прилеп, Струмица и Штип.„Ние сме помали, поинтимни, но економски втор најсилен регион во Швајцарија, додека Цирих е многу подобро меѓународно поврзан и е нешто поголем. Но, односот меѓу нас е посебен - се сакаме и се препираме“ - објаснува Ханспетер Вајсхаупт.

Базел има 170 илјади жители, кои освен по културата, се споулавени и по фудбалот. „Во цела Швајцарија нема толку голема фудбалска еуфорија, како овде. Во поблиското минато фудбалскиот клуб Базел имаше многу добри резултати во Лигата на шампионите“ - вели Јонас Блехшмит од менаџментот на стадионот Санкт Јакобс парк, или Јогели, како што го викаат навивачите.

Јогели домаќин и на полуфинална средба

Fussball EM 2008 Schweiz Tschechien

Првиот натпревар Швајцарија - Чешка

Стадионот има капацитет за 42 500 гледачи. Покрај натпреварот со кој се отворени првенството, на него се игра и дуелот меѓу Португалија и Турција, како и две четвртфинални и една полуфинална средба. „Санкт Јакобс парк е мултифункционален стадион. Овде имавме концерти и други манифестации - собрано се’ заедно, преку илјада различни приредби“ - нагласува Блехшмит.

Објектот, кој е во употреба од пред 4 години, е со модерна инфраструктура, со постројки на покривот за користење соларна енергија, со интегрирани трговски центар и дом за стари лица. Проектанти се реномираните архитекти Жак Херцог и Пјер де Мерон, чие дело се и стадионот во Минхен, како и новиот олимписки стадион во Пекинг.

За сите навивачи, кои не можеа да обезбедат влазница, организиран е паблик вјуинг, јавно следење на пренос долж брегот на Рајна, со капацитет за 25 илјади луѓе, како и на плоштадот кај катедралата, каде има место за 10 илади гледачи.