1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Баер ќе инвестира 130 милиони евра во Јапонија

Фармацевтско - хемискиот гигант ќе го прошири присуството на јапонскиот пазар

default

Раководството на германскиот фармацевтско - хемискиот гигант денеска соопшти дека планира да инвестира повеќе од 130 милиони евра во проширување на својот бизнис во Јапонија. Плановите за реализација се однесуваат на наредните три години.

Директорот на компанијата “Вернер Венинг“ изјави дека jапонскиот пазар е еден од најуспешните за Баер, во азиско-пацифичкиот регион. Компанијата според неговите зборови во првите девет месеци од годинава на јапонскиот пазар остварила продажба во износ од 1,1 милијарда евра. Јапонија е трет по големина пазар за Баер, по германскиот и американскиот.